Новости

Занимливости

(Фото) Верверичка се заглави во шахта, пожарникарите со капакот ја однеле на ветеринар

Верверичка се заглави во мал отвор на канализациска шахта во Дортмунд , па пожарникарите со капакот ја однеле на ветеринар.

Пожарникарите , освен што спасуваат мачиња и кучиња , се покажаа и при спасување верверичка. Малото животно се заглавило во отвор на капак од канализациска шахта и не можело да се движи.

Минувачите ја забележале верверичката и викнале пожарникари. Тие се обиделе да ја извлечат од тесниот отвор , но не успеале. Затоа , го откачиле капакот и со него ја однеле на ветеринар.

Откако била спасена , малата црвена верверичка имала само мали повреди на вратот.

Vorgefundenes Eichhörnchen im Gullydeckel

 

GOLD
To Top