Новости

Занимливости

Четиригодишно девојче го повредило прстот – наместо терапија докторот и препишал сладолед

Доктор од Општата болница во Бар, Црна Гора стана хит на социјалните мрежи откако му одреди необична, но симпатична терапија на едно девојче кое си го повредило прстот.

Одењето на лекар не е пријатно за возрасните, па камоли за децата кои на секој начин избегнуваат да влезат во зградата која ги асоцира на плачење. За среќа постојат лекари кои со своите постапки на децата им го ублажуваат стресот.Родителите на четиригодишната Милица ја однесоа на болница бидејќи го приклештила палецот на десната рака. За среќа, повредата не била сериозна и детето веднаш можело да си оди дома.На Фејсбук страницата „Podgorički vremeplov” објавена е фотографија на која јасно се гледа дека на малата Милица лекарот како терапија и препишал –  сладолед.

Овој гест на лекорот е симпатична досетка, најверојатно за да го израдува девојчето. Палецот ќе боли уште некој ден, но се поминува со слатко освежување.Голем дел од луѓето кои коментираа на постот позитивно гледаат на оваа досетка на лекарот, иако има и такви кои го осудуваат ваквиот чин.

Евротип
Евротип
To Top