Новости

Занимливости

Чешки туристи голи се капеле во Венеција, ќе платат високи казни

Италијански полицајци реагирале на повик на две лица во венецијанскиот канал, но кога се приближиле, виделе дека не станува збор за луѓе во невоља, туку за туристи кои се капеле во каналот.

Двајца чешки туристи одлучиле да се соблечат и избањаат во каналот близу плоштадот на свети Марко.

– Кога се приближивме видовме двајца целосно голи мажи, како се смејат, шегуваат и привлекуваат внимание на минувачите – изјавиле полицајците.

Туристите се извиниле дека се капеле голи, но рекле дека многу им било жешко.

Полицајците веднаш ги натерале Чесите да излезат од вода и да се облечат, а потоа ги однеле во полициска станица. Туристите се казнети со по 3.000 евра.

GOLD
To Top