Новости

Занимливости

Што можеме да научиме од необичните навики на Алберт Ајнштајн

Прославениот изумител и физичар, Никола Тесла, секоја вечер правел вежби со ножните прсти, по стопати на секоја нога. Иако е непознато кој е бенефитот од таквата вежба, Тесла тврдел дека тоа му помагало во стимулацијата на мозочните ќелии.

Најплодниот математичар на 20 век, Пол Ердеш, преферирал различни типови стимуланси: амфетамин, што го користел како „гориво“ за дваесетчасовна издржливост.

Њутн, пак, се потпрел на придобивките од целибатот. Кога почина во 1727 година, тој засекогаш го трансформира нашето сфаќање за природата и ни остави 10 милиони зборови во белешки.

Но, што ако сето ова се повеќе од површни факти? Научниците се сѐ поубедени дека интелигенцијата помалку зависи од генетиката отколку што си мислиме. Според последниот увид на податоците, околу 40 % од тоа што ги разликува „мозоците“ од обичните луѓе во зрелата доба се должи на природата на функционирање. Колку и да негодуваме, нашите дневни навики имаат значително влијание врз нашиот мозок, врз формирањето на неговата структура и врз креирањето на нашите мисли.

Од сите вонредни умови во историјата на човештвото, без сомнеж, Алберт Ајнштајн предничи во комбинацијата на неговиот гениј со необичните навики што ги практикувал. Тој нѐ научи како да ја истиснеме енергијата од атомите, па можеби и ќе нѐ научи како да извлечеме што повеќе од нашите мали смртни мозоци. Дали би имале корист ако ги следиме навиките на Ајнштајн за спиење, исхрана, дури и за мода во облекувањето?

10 часови спиење и една секунда дремење

Општо познато е дека спиењето е добро за мозокот – а Ајнштајн сериозно си го сфатил ова сознание. Тој спиел 10 часови дневно, што е многу повеќе од тоа што може да си го дозволи современиот Американец (6,8 часови дневно).

Писателот Џон Стајнбек еднаш рекол: „Секој искусил дека нерешливиот проблем навечер, наутро е веќе минато, откако на него поработел комитетот за сон.“

Повеќето од најрадикалните изуми во човековата историја, во кои спаѓаат периодичниот систем на елементите, структурата на ДНК и Ајнштајновата теорија за релативноста, се случиле во момент кога нивните откривачи биле во несвесна состојба. Наводно, својата теорија Ајнштајн ја „создал“ додека спиел и сонувал крави што биле погодени од струен удар.

Додека спиеме, мозокот влегува во серија кругови. На секои 90-120 минути, мозокот флуктуира помеѓу лесна почивка, длабока почивка и фаза на сонување, позната како РЕМ фаза, која игра клучна улога во учењето и запомнувањето. Но, што се случува со доминантната не-РЕМ фаза во која минуваме 60 % од ноќта. Во текот на оваа фаза се случуваат вретенести појави кои траат по неколку секунди. Тие претставуваат премини во други фази на сонот: колку повеќе спиеме, толку почести ќе бидат овие појави.

Оние кои доживуваат повеќе вакви појави имаат поголема „флуидна интелигенција“, односно способност за решавање нови проблеми, логика за снаоѓање во нови ситуации и леснотија во идентификувањето шеми и шаблони. Неодамнешна студија покажа дека ноќното спиење кај жените и дремките кај мажите можат да го подобрат расудувањето и вештините за решавање проблеми.

Ајнштајн практикувал и дневни дремки. Една анегдота вели дека кога планирал да дремне, во рацете држел лажиче и метална чинија, па кога ќе задремел несвесно удирал врз чинијата и на тој начин се будел.

Дневни прошетки

Дневните прошетки му биле светост на Ајнштајн. Кога работел на Универзитетот Принстон, пешачел по неколку километри и се враќал назад. Ги следел стапките на другите верни шетачи, вклучително и Дарвин, кој секојдневно пешачел трипати дневно по 45 минути.

Покрај брдо докази, не е нужно да се повторуваме за благодетот од дневните прошетки за меморијата, креативноста и вештината за совладување на проблемите.

Јадење шпагети

И, што рековме дека јадат генијалците? Низ интернетот се вртат приказни дека својата енергија, меѓу другото, Ајнштајн ја црпел од шпагетите.

Пушење луле

Свесни сме дека пушењето му наштетува на нашето здравје, па и не е многу паметно да се усвои оваа навика на Ајнштајн. Тој обожавал да пуши и верувал дека тоа му помага да се смири и да донесе објективен суд во меѓучовечките односи.

Чорапи не доаѓаат предвид

Тој имал страсна аверзија кон чорапи. Во едно писмо до својата братучетка и идна сопруга, Елза, тој напишал: „Кога бев млад, сфатив дека палецот секогаш прави дупка во чорапите. Па прекинав да носам чорапи“.

Извор: Факултети.мк

GOLD
To Top