Новости

Занимливости

Што ќе прават без работа? Јапонците се несреќни затоа што нема да работат 10 дена

Јапонија нема да работи десет дена, почнувајќи од 27 април, по повод одбележувањето на абдицирањето на царот Акихито, кого на престолот ќе го замени неговиот најстар син, Нарухито. Многу неизлечливи работохолици во трудољубивата Јапонија се во паника, пишува „Гардијан“.

Што да се прави без работа цели десет дена?

– Искрено, не знам како да го поминам времето сега кога ненадејно добивме десет дена празници – вели 31-годишниот Сеишу Сато.

Оние што ќе решат некаде да отпатуваат туристички во Јапонија, поради колективното празнување, ќе се соочат со полни капацитети и со повисоки туристички цени.

Весникот „Асаши“ спроведе анкета која покажа дека 45 отсто од анкетираните се чувствувале несреќно кога станува збор за долг одмор, а 35 отсто биле среќни.

Просечниот Јапонец користи само десет дена одмор годишно, што е половина од деновите на кои има право. Окоу 60 отсто од Јапонците чувствуваат вина кога користат платен одмор, а многумина велат дека тоа е поради шефовите кои гледале со недоверба во отсуството од работа.

Неодамна во Земјата на изгрејсонцето биле усвоени законски одредби со кои се ограничува работното време поради зголемувањето на бројот на смртни случаи од прекумерна работа.

GOLD
To Top