Новости

Занимливости

Американската банка по грешка платила 155 милиони евра на 75.000 кориснички сметки

Бостонската банка Сантандер погрешно уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки и на тој начин ги изненадила сопствениците на сметките на божиќното утро, кои не знаеле кој им ги платил парите.

Вработените во банката се обидувале да ги вратат парите, но голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки, па тоа го отежнувал процесот.

Настанала грешка кога два пати биле објавени плаќања од 2.000 деловни сметки.

Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примаат плаќањата koi навеле, се додава во соопштението, дека „ќе се обидат да вратат пари од сметките на своите клиенти“.

Меѓутоа, не се знае како ќе постапат банките во случај да нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски дефицит на сметките.

Сантандер банка навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно ќе контактираат со луѓето за да им ги вратат парите што им биле платени по грешка.

Евротип
SNBROKER
To Top