Новости

Занимливости

Асистент за спиење – Нова професија во Кина

Ако мислите дека сте запознати со најапсурдните или најчудните професии низ светот, веројатно сте се излажале затоа што сигурно не сте слушнале за ова. Станува збор за професијата т.н. асистент за спиење.

Несоницата е огромен проблем во Кина и постојано се бара солуција за недостатокот на сон. Така, во еден од претходните текстови раскажавме за тоа дека тие имаат право да спијат на работа, но што кога патат од несоница. Тому поради тие причини, Шен од Кина се одлучи за ваков чекор, а како што вели, побаруваката е огромна и нему никогаш не му недостасуваат клиенти.

„Асистентот за спиење“ всушност им помога на луѓето да заспијат за време на долгите непроспиени ноќи, стои во описот за оваа професија. „Јас ја работам оваа работа повеќе две години за да заработам дополнителни пари“, рече Шен.

Несоницата погодува повеќе од 300 милиони луѓе во Кина, според извештајот објавен од Кинеското друштво за истражување на спиењето во 2021 година.

Тајната на Шен е неговиот пријатен глас и искуство. Тој најчесто работи така што им раскажува приказни на клиентите и разговара со нив.

На страницата, асистентите за спиење се класифицирани во неколку категории, врз основа на сеопфатни проценки. Така, цената на едночасовниот разговор може да варира од 50 јуани (околу седум американски долари) до 310 јуани.

За 18-годишната Су Ксијао, исто така асистент за спиење, работите се малку поинакви. „Ова го направив чисто од досада и љубопитност“, рече Сју. Таа наплатуваше само 15 јуани од ноќ. Нејзини клиенти се претежно млади луѓе кои, уморни од работниот или животниот стрес, тешко заспиваат.

Сју додаде дека еден од нејзините клиенти, кој порано бил буден до три часот наутро, сега успева да заспие на полноќ откако ја користел нејзината услуга четири последователни дена. Содржината на нејзината услуга е слична на онаа на Шен, вклучувајќи разговор и читање приказни.

Податоците објавени од фирмата за истражување на пазарот iiMedia Research покажуваат дека вкупната големина на пазарот на „економијата за спиење“ во земјата порасна од околу 262 милијарди јуани во 2016 година на приближно 378 милијарди јуани во 2020 година, а се очекува да достигне трилион јуани во 2030 година.

Евротип
SNBROKER
To Top