Новости

Занимливости

Аткинсон жали за филмовите на Мистер Бин – Факти за ликот кои можеби не ги знаете

– Актерот кој го игра познатиот Мистер Бин, Роуан Аткинсон,
само што ги завршил студиите на електеотехничкиот факултет и магистрирал, започнал да работи на карактерот на Бин, а неговата инспирација била всушност малку и украдена идеја што потекнува од карактерот на Монсије Хулот, француски комичар од периодот на немите филмови.

– Во Единбург „Canned Laughter“ во 1979 година, бил за прв пат претставен Мистер Бин и тоа не пред многубројна публика, но дури подоцна се прославил, а тоа било на на фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал во 1987 година.

– Аткинсон не бил сам во создавањето на сценариото. Со него бил и Ричард Куртис со кој ја смислиле ТВ серијата „The Mr. Bean“ што почнала да се емитува во 1990 година.

– Мистер Бин нема презиме, а Бин значи грав на англиски, иако пред тоа доаѓал во предвид и друг зеленчук.

– Во едно интервју, Аткинсон признава дека можеби жали и направил голема грешка што снимил долгометражни филмови. А причината лежи во карактерот на комичниот лик. ,,Во скечевите, кратките реклами, Мр Бин има само епизодни улоги и туку не мора да се објаснува многу за ликот. А во долгометражните филмови веќе му се дава душа на карактерот, а тоа ни предизвика тешкотија. Мене баш ми се допаѓаше идејата дека на Мистер Бин не му е гајле за ништо околу него, а во филмовите мораше да се следи приказната. Па така на ликот му дадовме емоции.” – изјави Аткинсон веројатно признавајќи дека на големото платно Мистер Бин ја изгуби првичната идеја.

– Во последните 25 години, во секој момент се прикажува серијата „Мистер Бин“ некаде во светот.

Евротип
Евротип
To Top