Новости

Занимливости

 „Бакнеж стар 2.800 години“ – Љубовен пар последните моменти од животот ги поминале прегрнати

Пронајдени се човечки останки во 1972 година од страна на тим од Универзитетот во Пенсилванија, предводен од Роберт Дајсон. Интересно е што овој пронајдок го добива името „Бакнеж стар 2.800 години“ .

Археолошкиот локалитет на античкиот град Тепе Хасанлу се наоѓа во североисточниот дел на Иран, во провинцијата Западен Азербејџан. Начинот на кој бил уништен на крајот на 9 век п.н.е., довел до тоа градот да остане замрзнат во времето, обезбедувајќи им на истражувачите исклучително добро сочувани згради, артефакти и остатоци од жртвите.

Ископувањата на локалитетот Тепе Хасанлу, кои продолжија во 1972 година, донесоа откритие кое го обиколи светот. Во еден магацин за жито, во кој најверојатно луѓето се криеле од непријателот, биле пронајдени два скелети од луѓе кои брзо биле задушени од чад, додека нивниот град бил во пламен. Овој пар, последните мигови од животот го поминал во прегратка, па на тој начин го направиле нивниот бакнеж вечен.

Прочитајте повеќе во текстот. 

Евротип
SNBROKER
To Top