Новости

Занимливости

Бактерии ги исчистиле мермерните скулптури на Микеланџело

Резултатите од иновативниот начин на чистење на мермерните скулптури со бактерии се претставени на примерот на гробницата на семејството Медичи, која ја дизајнирал Микеланџело.

Во 1520 година, Микеланџело добил задача да ја дизајнира Новата Сакристија во капелата на Медичи во Фиренца, посветена на Свети Лоренс.

Гробницата е украсена со скулптури кои ги претставуваат ликовите на двајца војводи од семејството Медичи – Џулијано ди Лоренцо и Лоренцо ди Пјер, како и алегориски фигури кои претставуваат различни периоди.

Тимот задолжен за чистење на спомениците, потрошил осум години на реставрација на споменикот, користејќи гел со бактериски колонии во последната фаза на отстранување на дамки.

Пред да ги изберат трите соеви кои се најефективни за чистење на мермер, тие тестирале 11 соеви на бактерии, а Serratia ficaria, бактерија која вообичаено предизвикува инфекции на уринарниот тракт, успеала да ја исчисти нечистотијата од гробницата за само два дена.

Дел од саркофагот бил во особено лоша состојба, бидејќи посмртните останки на Алесандро Медичи, владетелот на Фиренца кој бил убиен, биле закопани без претходна подготовка на телото.

Реставрацијата беше завршена минатата година, а гробницата беше претставена на настан организиран од Академијата за уметности.

Евротип
SNBROKER
To Top