Новости

Занимливости

Барби и Кен биле брат и сестра – Дознајте која е вистинската приказна на овие кукли

Сите добро ги познаваме. И младите и старите генерации. Не веруваме дека воопшто некој не ги сретнал овие кукли во својот живот. Тие се едни од најпродаваните производи во индустријата за играчки скоро педесет години. Барби и нејзиниот неразделен придружник Кен.

И како да е малку целото внимание околу оваа приказна, па покрај тоа, тие се sвезди на анимирани филмови, видео игри, како и цели тематски паркови посветени на нив и нивниот „начин на живот“. Но, дури и најголемите „обожаватели“ на овие кукли не знаат дека приказната зад нив е далеку побизарна од розовиот свет во кој живеат Барби и Кен.

Дали знаевте дека имињата Барби и Кен не се избрани случајно и дека зад нив се кријат вистинските луѓе?
Запознајте ги децата на Барбара и Кенет Хендлер кои беа инспирација за да се создаде еден од најпознатите парови на сите времиња.

Ова ја отвора „пандорината кутија“ на бизарност затоа што, гледате, вистинската Барби и Кен не беа момче и девојче. Тие беа брат и сестра.

Куклите ги создадоа нивните родители. Приказната вели дека Рут Хендлер ја гледала нејзината ќерка како игра со кукли од хартија, забележувајќи дека им дава улоги за возрасни, иако во тоа време повеќето детски играчки биле во форма на бебиња.
Рут ја предложи идејата за нова кукла во форма на привлечна девојка на нејзиниот сопруг Елиот, коосновач на компанијата „Мател“, а откако семејството наиде на куклата Билд Лили на одмор во Германија, тие стигнаа до финална идеј. Така е родена Барби, а во 1961 година пристигна и Кен.

И двете кукли се именувани според децата на семејството Хендлер, иако Барбара и Кенет, како возрасни, ги мразеа своите „двојници“ и какви било асоцијации со нив.

„Уморена сум да бидам Барби“

Настрана фактот дека мораа да му објаснувам на целиот свет дека тие не се љубовници, туку брат и сестра, Барбара и Кенет тврдеа дека го презираат фактот што токму тие ги претставуваат истоимените кукли! Барбара се пожали дека Барби е само „главна прчла“, а Кенет секогаш изразува револт кон безгрешната и досадниот карактер на Кен.

– Кен е женкар. Тој оди на плажите и сурфа. Јас бев тип на дете што свири пијано и оди на кино. Сите девојки мислеа дека сум тотален глупак. Барби треба да биде повеќе од само девојката која оди на забави и се журка по цел ден. Тој треба да се грижи за сиромашните и страдањата што постојат во светот – рече Кенет во интервју за списанието „Пипл“ во 1989 година, а и неговата сестра Барбара немаше добро мислење за куклата што ја „претставува“.

– Уморна сум да бидам Барби. Како тинејџер, воопшто не сакав да имам најдобра можна брендирана облека или скапи автомобили. Се менував како што стареев, но Барби не се менува, не старее и да! И тоа како сака да биде во тренд со најскапите брендови!- рече Барбара во истото интервју.

Братот и сестрата Хендлер живееја изолирано и далеку од очите на јавноста. И додека целиот свет се радува на Барби и Кен, за жал овие двајца, сметаат дека нивното поврзување со овие кукли им го уништи животот.

GOLD
To Top