Новости

Занимливости

Британка заврши в затвор заради „Shape of you“

На една жена од Британија и беше одреденаказна од 8 недели откако ги „малтретирала“ соседите со песната „Shape of you“ од Ед Ширан. Таа половина час ја слушала истата песна пуштена на најгласно.

За време на судењето, судијата нагласил дека слушањето на на најгласно на моментално хитот број еден предизвикало “целосно неприфатливо ниво на вознемирување”.

Сопствениците на имотот каде што го изнајмувала обезбедиле судски налог со кој се забранува таа да создава непријатност.

Таа била уапсена неколку пати за кршење на забрана и последно и била одредена шест недели затворска казна во декември.

Откако излегла во февруари, паметот не и дошол, па половина час ги малтретирала соседите со „Shape of you“. По жалбите на соседите, таа се врати в судница повторно.

И беше одредена затворска казна од осум недели, а судијата и рекол: „Мораш да научиш да се однесуваш како разумно и одговорно возрасно лице и да не му го правиш мизерен животот на соседите како што е твојот.“

GOLD
To Top