Новости

Занимливости

Вампири, зомби, змејови – Потекло на најпознатите чудовишта

Ноќта на вештерките, како и секоја година, пристигнува на 31 -ви Октомври. Како што знаеме на овој популарен ден кој се прославува најповеќе во Америка, се оди на маскенбал каде сите се трансформираат со помош на костими и шминка во што ,,пострашни чудовишта” од митологијата или популарната култура. Во мбоштвото од идеи за маски, најчесто се ,,бараат” суштества од митологијата на различните народи, а од каде потекнуваат некои од тие чудовишта можете да дознаете во следните редови.

Зомби

Идејата за зомби потекнува од Хаити. Во митологијата на луѓето од оваа земја, свештениците вуду можеле да ги разбудат мртвите и да ги контролираат со своите постапки. Зомби за првпат се споменуваа во литературата во 1929 година во романот „Волшебниот остров“ од Вилијам Сибрук. Само три години подоцна, тие беа тема на филмот Бели зомби. Меѓутоа, во денешно време, зомбите во популарната култура имаат помалку врска со вештерство и повеќе со некои апокалиптични настани, како што се, на пример, многу смртоносни пандемии.

Тролови

Троловите се поврзани со нордиската митологија и се многу присутни во фолклорот на скандинавските земји. Ова се страшни суштества слични на луѓе кои живеат во пештери. Тие можат да бидат џинови или пак многу мали џуџиња. Многу антрополози веруваат дека митовите за тролови потекнуваат од нашите предци кои ги запознале неандерталците пред околу 50.000 години.

Коњаник без глава

Во ирските легенди, коњаникот без глава е многу застрашувачко суштество. Тој го вози својот коњ, додека во исто време ја држи главата со крената рака, за да може да ја набљудува околината низ која минува. Ако мислите дека ова е единствената причина зошто ќе имате кошмари, исто така, треба да се каже дека овој коњаник без глава носи камшик направен од човечки ‘рбет.

Вампири

Вампирите станаа широко познати со објавувањето на романот „Вампирот“ (1819) од Џон Полидори и Дракула (1897) од Брам Стокер. Овие крвопијци, сепак, беа широко присутни во митологијата на народите во Источна Европа, а особено на Балканот, при што кај нас вампирите најчесто се опишуваат како надуени и румени суштества слични на човекот, а не како бледи и тенки суштества на Запад.

Кракен

Во нордиската митологија, кракен е огромно морско чудовиште кое може да проголта цел брод во еден залак. Оваа легенда најверојатно потекнува од морнари кои забележале џиновски лигњи во водата, која понекогаш може да биде долга и до 13 метри.

Чудовиште од Лох Нес

Тоа е уште едно плашило, кое наводно живее во Лох Нес во Шкотска. Прво се споменува во списиите на ирски монах во 6 век, кој го опишува како „водно чудовиште“. Интересот за ова чудовиште повторно се разбуди во 1936 година, кога во јавноста се појави фотографија од чудовиште од Лох Нес, направена од лекар од Лондон. Во меѓувреме, се разбира, беше откриено дека станува збор за измама.

Змејови

Бидејќи многу култури низ светот споменуваат змејови во нивната митологија, постои голема шанса инспирацијата за нив да дојде од некои вистински суштества. Една од најверојатните хипотези е дека нашите предци наишле на коски на стегосауруси или други диносауруси, и врз основа на тоа, тие ја конструирале целата митологија за змејови што летаат и плукаат оган.

Врколаци

Врколак, или човек кој се претвора во волк или полу-човек волк, за првпат се споменува во Епот за Гилгамеш, во кој се споменува жена која својот поранешен љубовник го претвори во волк. Друг извор на легендата за врколаците доаѓа од грчкиот мит за Ликаон, кралот на Аркадија, кога Зевс го направил волк во бес.

Извор: mentalifloss

Евротип
Евротип
To Top