Новости

Занимливости

Изборот на вашето утринско кафе зборувало многу за вашата личност!

Пиењето на првото утринско кафе е еден вид ритуал. Има некое посебно уживање во кафето, па секоја голтка претставува ново задоволство. Видот на кафе што сакате да го пиете кажувало, многу за вашиот карактер. Еве што велат Atma.hr

Еспресо

Ако пиете еспресо, вие сте роден лидер. Работите многу напорно, и исто така ,,играте” многу напорно, па знаете се да завршите навремено и најдобро. И другите наоѓаат инспирација во вас, не само на работа, туку и во социјалниот живот.

Луѓето кои пијат еспресо уживаат во вкусот на кафе и сакаат работите да бидат јасни и директни. Вашата утринска доза еспресо е она што ве придвижува и ве одржува секој ден во првите редови на животната трка!

Дупло еспресо

Ако пиете дупло еспресо, верувате во логиката. Вие сте исклучително практична личност и не сте предмет на каприци. Како и луѓето кои пијат обично еспресо, вие сте многу вредна личност. Сè што правите го правите со јасна цел. Давате се од себе на работа кога шефот ќе ви каже што точно сака.

Бидејќи ви се допаѓа дупла доза еспресо, потребен ви е малку дополнителен поттик на кофеин за да ве одржува во текот на целиот ден. Вашиот утрински пијалак ви помага да се концентрирате и да си го одработите денот по совршено логичен редослед!

Кафе со млеко или макијато (од секаков вид, големо, мало, топло, ладно…)

Ако пиете кафе со млеко, може да имате проблеми со донесувањето одлуки. Вие сте опуштени по природа и како резултат, не сте загрижени за претерана анализа на секоја одлука. Всушност, вашата природа е таква што размислувате многу и повеќе сакате да сакате да фантазирате.

Бидејќи пиете кафе со млеко, обожавате удобност. Вашето утринско кафе е само една од малите нешта што го прават животот убав!

Капучино

Ако пиете капучино, вие сте многу софистицирана индивидуа. Вашето чувство за стил е на високо ниво. За разлика од некои ваши пријатели, вие не сте тип на човек кој сака ,,несолени и груби” шеги. Ве карактеризира весел дух. Исто така, имате многу креативен ум и вашата социјална природа ве прави многу добар пријател.

Капучиното е еден од порафинираните пијалоци, па открива колку сте софистицирани (или сакате да бидете). Вашето утринско капучино го одредува стилското и креативно расположение на денот!

Ледено кафе

Ако пиете ледено кафе, вие сте многу упорни. Имате проактивен став и немате време за тривијалност или драма. Вие сте многу сигурни во изразувањето на своето мислење и мислите за себе како трендсетер.

Како некој што го привлекува ладен пијалок во кое било време од годината, времето не ве погодува толку многу како другите луѓе и имате многу поголема контрола над вашите емоции!

Евротип
SNBROKER
To Top