Новости

Занимливости

(Видео) Како е да се руча во замокот на Ѕверот?

Фанови на „Убавицата и Ѕверот“, би сакале ли да влезете во замокот на Ѕверот и таму да ручате и да одберете од менито јадења кои сте ги виделе во филмот? Секој вистински фан би сакал. А навистина, кој не би сакал?!

Она што сте го гледале на филм може да биде реалност доколку го посетите Disney World во Орландо, САД, местото каде што се наоѓа замокот на Ѕверот. А како дел од замокот е тематскиот ресторан, посветен на Бела и Ѕверот.

Во овој ресторан може да јадете само со резервација, а за да резервирате понекогаш треба тоа да го направите шест месеци претходно.

Ресторанот во замокот на Ѕверот

Ресторанот во замокот на Ѕверот

Има 3 соби: Западно крило, галерија на Розата и најпознатата од сите големата балска соба.

Едно од најпознатите јадења во овој ресторан е Зеленото нешто. Има вкус на колачиња и крем врз колаче или тарт. Оние што го јаделе велат дека вреди да се чека за него.

 

GOLD
To Top