Новости

Занимливости

ВИДЕО: Крузерите ширум светот се пензионираа 15 години порано од планираното

Пред неколку месеци, индустријата за крстарење беше еден од најбрзо растечките туристички сектори, вреден повеќе од 200 милијарди американски долари, а сега стана една од најголемите жртви на пандемијата од коронавирусот.

Крузерите ширум светот беа приморани да одат на некаква хибернација откако избувна пандемијата од коронавирусот. Многу од нив се закотвени на својата последна дестинација, во турското пристаниште Алиага.

Во моментов, повеќето бродови во Алиага се пензионираа 15 години порано од планираното.

Корпорацијата “Carnival”, чии три брода се наоѓаат во турското пристаниште, продава околу 20 проценти од својата флота и го користи периодот за време на пандемијата за да ги замени помалку ефикасните бродови.

Некогаш вредни стотици милиони долари, “Carnival Fantasy”, “Royal Caribbean’s Monarch of the Seas” и “Sovereign of the Seas” беа продадени како старо железо.

Сега овие бродови се во рацете на 1.300 работници, кои педантно ги расклопуваат, дел по дел. За секој ќе биде потребни околу осум месеци за целосно да се рециклира секој.

GOLD
To Top