Новости

Занимливости

ВИДЕО: Момче покажа како лови риба со пластични шишиња и собра повеќе од 18 милиони прегледи

Со оглед на тоа колку долго риболовот е дел од културата на луѓето, може да се очекуваат различни иновации поврзани со него. Сепак, има некои иновации направени од децата, а тие се толку интересни и корисни што го привлекуваат вниманието на пошироката популација.

Едно мало момче им покажа на сите колку е лесно да се рибари со само неколку едноставни и лесно достапни предмети. „Pro Fish Hunter“, Јутјуб каналот посветен на умешностите во риболовот, објави видео за тоа. Не е изненадувачки што момчето многу брзо стана вирално.

Детето покажа исклучителна вештина во тоа што го работи, иако се уште е дете. Едноставно ловеше риба користејќи само неколку прачки, јажиња со куки и празни пластични шишиња. Тој има и малку тесто кое го користи како мамка.

Најпрвин го одмотка рибарското јаже ги стави шишињата на прачките и продолжи да покажува неверојатна умешност во текот на целиот процес. Очигледно е дека ова не е прв пат да го прави тоа.

Откако ги намести предметите, момчето се повлече на три часа, а кога се врати започна да вади една по една риба, а луѓето во коментарите го изразија своето изненадување.

Погледнете го малото вешто рибарче:

Евротип
SNBROKER
To Top