Новости

Занимливости

(Видео) На натпревар во Чиле, куче постигна гол и ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот

На социјалните мрежи се рашири еден од најнеобичните голови сезонава. На еден натпревр од пониската фудбалска лига во Чиле, куче постигна гол, бидејќи истрча на теренот, никој не го забележа, па тоа на крајот го матира голманот на одличен начин.

Играчот изведе слободен удар и ја смени одбраната, а кучето одлично истрча, со грб го смени правецот на топката и го измами голманот.

Во почетокот судијата не знаеше како да реагира, но подоцна го поништи голот, што ги разочара навивачите на трибините.

Евротип
SNBROKER
To Top