Новости

Занимливости

(Видео) Трикратен светски шампион во снукер заспа среде натпревар

Фото: Eurosport

Марк Вилијамс, трикратниот светски шампион, заспа на своето столче за време на натпреварот против Ентони Хамилтон во второто коло на турнирот. Тој заспал додека го чекал својот ред да игра. Во тој момент водел со 3:2, а на крајот загубил со 6:5.

„Им се извинувам на сите кои го гледаа овој натпревар, никогаш не ми се случило во текот на мојата 30-годишна професионална кариера. Само ми падна главата и пет секунди не знаев каде сум. Се срамам… Очигледно бев уште многу заморен откако го преболев коронавирусот, не се чувствувам добро по короната“, рече Вилијамс откако стана хит на социјалните мрежи.

Евротип
SNBROKER
To Top