Новости

Занимливости

ВИДЕО: Јутјубер уништи автомобил за да тестира нова функција на ајфон

YouTube каналот TechRax објави видео кое покажува тестирање на функцијата за откривање или детектирање на судар на iPhone 14.

Бидејќи промотивното видео на Apple за новата функција немаше никакво уништување на возилото, Јутјуберот се одлучи за поинаков пристап.

Тој го опремил автомобилот со механизам кој овозможува далечинско управување, а потоа удрил во возилата кое претходно завршило во отпад.

Неговиот iPhone 14 Pro цело време бил во возилото и детектирал несреќа. Првиот пат, откривањето беше одложено, но во последователните обиди Јутјуберот мораше да побрза за да го спречи воспоставувањето на СОС повикот.

Луд или смел потег за докажување на релевантноста на фактите? Или можеби откачена идеја во момент на досада.  

Евротип
SNBROKER
To Top