Новости

Занимливости

Вистинскиот Петар Пан – Виралниот херој на интернет крие тешка животна приказна

Клипови од Хасбула Магомедова забавуваат милиони следбеници ширум светот секој ден.

Многумина се прашуваат за што станува збор? Тој изгледа како дете, но од друга страна движењата и реакциите се соодветни за позрели возрасти.

Хасбула има 19 години и страда од нарушувања на хормонот за раст. Целиот живот ќе биде заробен во телото на дете. Го прилагодува својот живот соодветно на возраста и секогаш е опкружен со тим млади момци кои го чуваат и го водат во нивните авантури.

Малиот раст не го спречува Хасбул да ужива во животот. Редовно споделува клипови од играње со животни, возење автомобили, летање со хеликоптер, тренинг … Сето тоа e придружено со заразно смеење, но се поставува и прашањето дали над неговата аномалија и трагична приказна, некој овде прави интернет сензација?!

Овој човек има посебна страст за боречки вештини. Неговиот прекар е „мини Хабиб“, алудирајќи на поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов.

Во секој случај животната приказна што се крие зад видеата на овој мал или голем херој е трагична, а од друга страна и знае да не потсети да продолжиме да се бориме без разлика на неуспехот, причините и пречките на патот до целта.

Погледнете едно од неговите видеа тука.

Евротип
Евротип
To Top