Новости

Занимливости

Волт Дизни одлучи: Уште повеќе ликови ќе бидат олицетворение на ЛГБТ заедницата и етничките малцинства

Извршниот директор на Волт Дизни, Кери Бурк, рече дека сака компанијата драстично да ја зголеми „инклузивноста“ во своите продукции до крајот на годината.

Бурк изјави дека најмалку 50 отсто од ликовите од продукцијата „Дизни“ ќе бидат членови на ЛГБТ заедницата или етничките малцинства. Таа додаде дека компанијата мора да направи многу повеќе за да ја направи својата содржина инклузивна, објави Њујорк Пост.

„Јас всушност зборувам овде како мајка на две квир деца. Едното дете е трансродово, другото пансексуално, но тоа ви го кажувам и како лидер“, објави таа на Твитер, поддржувајќи ја оваа заедница.

Евротип
SNBROKER
To Top