Новости

Занимливости

Вонземјани ја напаѓаат земјата, временски неприлики – Вака изгледаа старите филмови кои ја предвидуваа 2022! Далеку ли се од вистината?

Ех…Некогаш 2022 ни беше толку далечна, па како малечки на часовите по ликовна уметност, кога ќе ни поставеа задача да нацртаме како ќе изгледа светот во иднина, многу од нас цртавме вселенски летала, роботи, чудесни машинерии… Епа ете ја…2022 се случува, а богами и убаво не раздрма како за почеток. Еве како старите филмови имаа визија за оваа година, а ние би се запрашале дали се далеку од суровата вистина.

Предвидувањата за тоа како ќе игледа Њујорк во 2022 година, во овој филм и не биле баш оптимистички. Иако луѓето сè уште ги возат истите возила како во 1970-тите, се чини дека модата се вратила во 19 век, а природните ресурси не се најдобри. Океаните се загадени, градот има премногу жители, воздухот е лош, а нема многу храна и пијалоци.

Една корпорација презеде многу други и е одговорна за снабдување на широките маси со една специфична прехранбена супстанција, по која филмот го доби името. Сите се обидуваат да стигнат до тоа и ќе направат сè на патот, а ние нема да ви откриеме за што се работи, само доколку сеуште не сте го гледале филмот. Еколошката ситуација изгледа е слична на онаа во филмот, а има и глобални корпорации кои имаат се поголемо влијание ширум светот.

Само една деценија по завршувањето на оригиналната трилогија Star Wars, Марк Хамил ја одигра главната улога во овој филм, кој предвидува дека Земјата ќе биде нападната од вонземјани во 2022 година. За да ја спаси планетата, тој патува низ времето во 1992 година за да ги предупреди светските лидери за претстојната опасност, за да бидат подготвени да се соочат со неа.

Се разбира, не оди се според планот и не сите се согласуваат или се подготвени да веруваат во неговите тврдења, што не ни е тешко да го замислиме. Се надеваме дека вонземјаните нема да се појават оваа година, бидејќи само уште тие ни се потребни…

Иако повторно има вонземјани, централна тема на овој филм е виртуелната реалност, која веќе не е толку безопасна. Имено, за време на експедиција во вселената со цел да си го вратат изгубениот шатл, членовите на екипажот на вселенски брод почнуваат да се расправаат меѓу себе кога вонземјанин од виртуелната реалност ќе стане реален.

За среќа, патувањето во вселената не е толку развиено како во филмот, ниту виртуелната реалност. Сепак, нè очекуваат многу новини на тоа поле, ако им се верува на најавите и најновите трендови.

Централната тема на филмот е човечката природа и колку време ни е потребно да се вратиме на примитивните инстинкти за да преживееме тешки ситуации. Ова е приватен затвор на остров, каде што бил испратен главниот лик и каде се бореле две „племиња“, сите осудени на затвор.

Вакви сурови и изолирани затвори сè уште нема, но приватните затвори дефинитивно постојат и бројот на осуденици во нив расте. Од денешна перспектива, можеме да направиме паралела со мигрантските кампови.

Евротип
SNBROKER
To Top