Новости

Занимливости

Во Америка поради престрелки во училиштата е направен панцир за деца

Капетанот на противпожарната бригада во американската сојузна држава Аризона, Кевин Гудман дизајнира панцир кој лесно може да се стави во училишните чанти, за децата постојано да го имаат со себе.

Гудман изјави дека неговата компанија „Escape Armor“ постои поради една причина, а тоа е да го спречи страдањето на децата при пукање во училиштата.

Гудмановиот елек или панцир, не е прв ваков производ, но капетанот на противпожарната единица истакна дека при неговото производство користел поквалитетни материјали.

„Го направив тоа за да ги заштитам децата во страшна ситуација од ваков вид“, изјави Гудман за Ројтерс.

Гудман, кој работи како пожарникар, капетан и истражител на противпожарната бригада од 1998 година, извади тим на Ројтерс од Феникс за да ја демонстрира функцијата на панцирот.

Со помош на кукла наместо дете испукал неколку истрели од девет милиметарска пушка, еден пиштол од ист калибар и уште едно такво оружје од 45 милиметри. Било забележано дека ниту еден куршум не отишол до куклата. Гудман изјавил дека без панцир, два куршуми ќе поминат директно низ срцето, еден низ десното белодробно крило и уште два низ левото.

„Escape Armor“ нуди два различни производи – елек што може да се свитка и доаѓа во три големини, како и посебен штит што ја прави секоја училишна чанта непробојна.

Евротип
SNBROKER
To Top