Новости

Занимливости

Во Дубаи измислија вештачки дожд, додека Европа се бори со поплави!

Со помош на комплицирана висока технологија, поради енормно жешкото време, во Дубаи се обидуваат да ја преземат контролата над времето со сеење облаци, со други зборови, сега таму паѓа вештачки дожд.

Во Обединетите Арапски Емирати просечната температура е 46 степени, па владата одлучи да присили дожд да паѓа над пустината.

Обединетите Арапски Емирати се првата земја во регионот на Персискиот залив што користи технологија за сеење во облаци и инвестираше 15 милиони УСД во проектот за вештачки дожд, што е дел од „потрагата по вода“.

Новиот метод се базира на сеење облаци со помош на беспилотни летала, а резултатите ветуваат, без да се загрозува животната средина.

Според истражувањето на Универзитетот во Ридинг во Велика Британија, бурите се создаваат со помош на ,,вселенски” летала што ги погодуваат облаците користејќи електрична енергија.

На тој начин се создаваат големи капки дожд, кои се клучни во земја со топла клима, бидејќи помалите капки испаруваат пред да паднат на земја.

Сличен концепт се користи во најмалку осум земји во западниот дел на Соединетите Држави, според „Сајенс Американ“

Евротип
Евротип
To Top