Новости

Занимливости

ЗА САМО 5 ДЕНА, ВО ИНДИЈА ИЗГРАДИЈА 75 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ

Се чини дека во Индија немаат време за одмор, па така работата што во некои земји трае долго време, со денови, месеци, години, индијците ја направија за помалку од пет дена.

Тие изградија автопат долг 75 километри за само  105 часа и 33 минути. Проектот, во кој биле вработени 720 лица, започна на 3 јуни во 7:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.

ВАКВИОТ УСПЕХ, ВЕДНАШ ОДЕКНА НИЗ СВЕТОТ И ИСТИОТ ГО ЗАПИШАА ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ

Министерот за патен транспорт Нитин Гадкари ги пофали сите инженери, изведувачи, консултанти и вработени во Националната управа за автопати на Индија.

Со овој голем проект ги поврзуваме нашите градови Амравати и Акола, а новата делница ќе има значајна улога во олеснувањето на движењето на луѓето во овој дел на Индија“, заклучи Гадкари.

Иако проектот се води како автопат, за ова би можело да се разговара бидејќи на достапните фотографии патот изгледа многу помал. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.

Евротип
SNBROKER
To Top