Во Колумбија живеат најповеќе пеперутки – Интересни факти за пеперутките кои можеби не сте ги сретнале!

Колумбија е дом на повеќето видови пеперутки, околу 20 проценти од сите познати видови, според студијата објавена од Музејот на националната историја во Лондон.
Меѓународен тим научници вклучи 3.642 видови и 2.085 подвидови во каталогот, регистрирајќи ги во документот наречен „Колумбиски список за пеперутки“.
Инаку што се однесува до пвој вид, еве неколку интересни факти за нив:
* Пеперутките се кратковиди. Гледаат само до 3 метри.
*Може да ја видат црвената, жолтата и зелената боја. Покрај нив, тие може да гледаат и низа ултравиолетови зраци кои се невидливи за човечкото око.
*Пеперутките се насликани и на Египетските фрески кои се стари 3.500 години.
*Gonepteryx rhamni (Лимон пеперутка) е пеперутка која живее од 9 до 10 месеци, што е најдолг животен век за еден вид. Некои видови пеперутки живеат многу кратко, неколку недели, денови, па дури и неколку часови.
*Некои видови пеперутки не јадат ништо кога ќе пораснат, бидејќи не им се развила устата. Дури и дигестивниот систем им закржлавел кога биле гасеници.
