Новости

Занимливости

Во Нови Сад отворена т.н. ,,Фабрика за селфи фотографии”!

Селфи фотографиоте доминираат по социјалните мрежи. Добро или лошо, оправдано или не, на овие фотографии сите сакаат да изгледаат совршено, а токму ова ја натера Јелена Јелениќ да дојде до извонредна идеја. Имено девојката е од Нови Сад и се занимава со дигитален маркетинг.

Јелена, како што вели, сфати дека на нејзиниот град му треба простор за да направи совршено селфи. Така, таа отвори т.н. ,,Фабрика за селфи”. Станува збор за 15 простории со различни теми и мотиви во позадинскиот дел кои ќе стојат зад фотографијата, а во нив посетителите ќе може да направат совршени фотографии.

Може да се најде соодветна просторија за сечиј вкус, а за да не бидат идентични фотографиите, Јована во нив постави многу реквизити што може да се користат на креативни начини.

– Засега најпопуларниот билет е дефинитивно еден час за две лица, а може да се резервира преку нејзината страница.

Евротип
Евротип
To Top