Новости

Занимливости

Во овој затвор осудените се чувствуваат како да се на одмор – Изгледа ако „влезете“ внатре!

Норвешкиот затвор во Халден има околу 250 затвореници. Речиси половината извршиле тешки кривични дела како убиство, а една третина биле осудени за продажба или шверц на дрога. Но, за да успеат да ги вратат во општеството како „нови“ личности, норвежаните смислиле сосема поинаков концепт на затвор.

Тие пред се сметаат дека одмаздата не дава добри резултати и дека рехабилитацијата е клучна за изградба на ново скалило на морални вредности.

Поради изгледот и содржината што ги нуди Халден, тој се смета за најхуманиот затвор во светот. Изграден е среде шума, а внатре во ѕидините има дрвја и шумски плодови кои растат непречено.

Ќелиите имаат кревет, мал фрижидер, полица за книги, ТВ, маса и приватна бања со туш и мијалник. Затворениците имаат на располагање и самопослуга наречена „Јустисен“ (Правда), каде што затворениците можат да купат се што им е потребно за готвење, без разлика дали сакаат самите да изедат нешто или да ги почестат „колегите“.

Во затворотимаат и добро опремено музичко студио, чие име на англиски звучи одлично (Criminal Records), како и градина, молитвена соба, теретана, библиотека, компјутерска соба, гостинска куќа и многу повеќе.

Во затворското училиште затворениците можат да добијат соодветно образование додека ја издржуваат казната, а во слободно време играат игри со стражарите, вежбаат јога, свират на клавир или гитара …

Во текот на денот, стражарите често се дружат со затворениците, или на кафе или на спорт. Многу области немаат камери за надзор, а затворениците до одреден степен можат слободно да се движат.

Извор на насловна фотографија: boredpanda

Евротип
SNBROKER
To Top