Новости

Занимливости

Во последната епизода „Том и Џери“ извршуваат самоубиство – ова и други занимливи факти за цртанот, кои не сте ги знаеле

Том и Џери, јунаците од нашето детство, се појавија на екраните на 10 Февруари 1940 година. Што значи на вчерашниот ден, тие го прославуваат својот роденден.

Помина 81 година од нивното прво претставување, а Том сеуште го брка Џери. Инаку првиот анимиран филм на Вилијам Хана и Џозеф Барбера, бил номиниран за оскар, но иако не го добил истиот, филмот ги освои срцата на гледачите. Вилијам и Барбера напишале и продуцирале 114 цртани филмови во студиото MGM во Холивуд помеѓу 1940 и 1957 година.

Што се однесува до занимливите факти за нашиот омилен цртан, интересно е тоа што тој бил многу критикуван поради покажувањето на насилство од страна најунаците, но сепак и покрај тоа, во анимираните филмови на мачето кое постојано го брка глувчето, никогаш не е покажано пролевање на крв или не е прикажана било каква друга језива сцена.

Имињата на јунаците не биле Том и Џери. Тие првично се викале Џаспер и Џинкс, но подоцна аниматорот John Carr, им ги дал имињата по кои денес ги препознаваме.

Чарли Чаплин и неговите филмови, биле заслужни за непостоечките дијалози во истоимниот цртан, па како што знаеме, музиката игра голем удел во анимираниот филм.

„Том и Џери“ го дели првото место со бројот на добиени статуетки со Волт Дизни. Цртанот добил 7 оскари за најдобар анимиран филм.

Вилијам и Барбера не ги создадоа само Том и Џери. Нивни производ се и цртаните:„Каменковци“, „Скубиду“, „Којотот и брзата птица итрица“ и многу други.

Во последната епизода и двата ликови извршуваат самоубиство. Ова можеби било одраз на авторите кои неа сакале ова шоу да заврши. Во продолжение, погледнете ја оваа тажна епизода, каде ликовите стануваат депресивни и решаваат заедно да си го одземат животот.

GOLD
To Top