Новости

Занимливости

Вреди ли да си го ризикувате животот за фотографија? – Најопасните селфи локации во светот

Трендот со фотографирање стана најактуелен со појавувањето на социјалните мрежи, па така доживувањата од секојдневието се евидентирани на профилите на многумина. Но, освен обичните фотографии од излегувања со пријатели, фотографии со семејството, патувања и слично, инфлуенсерите сакаат да ги прикажуваат и своите најхрабри фотографии – направени на врвот на карпа, високи згради, кранови, среде дива река… Лудост или мода?

Според студијата објавена во „Journal of Family Medicine and Primary Care“, во периодот од октомври 2011 до ноември 2017 година, најмалку 259 луѓе ги загубиле животите на опасни места, само поради добра фотографија. Според статистиката, најмногу се работи за мажи на возраст од 20 до 29 години.

Само минатата година, веднаш по укинувањето на ограничувањата за движење поради корона вирусот, евидентирани се 24 смртни случаи поради остварување на селфи фотографија.

Поради алармантните податоци, авторите на студијата решиле да започнат иницијатива за „области на кои не смеете да правите селфи“.

Токму сајтот travelbook.de ја направи таа листа на места кои се најопасни точки и области за правење селфи.

Ел Каминито дел Реј, Шпанија

Оваа прекрасна патека важеше за една од најопасните во светот и беше целосно затворена за посетители цели 14 години. Причина: многу смртни случаи. Во 2015 година патеката беше реновирана и поставени се огради. Но, сепак, прошетката сè уште не е целосно обезбедена и ризикот е многу голем. Така да, доколку се најдете таму, може само да ја напишете локацијата или потрудете се со нешто друго креативно.

Ѓаволски базен, Замбија

Многу луѓе пливаат директно до работ, кој се наоѓа на надморска височина од 110 метри. Има природен ѕид кој не дозволува водата веднаш да ве повлече, но ако се појават струите, никој не може да ве задржи. Многу туристи веќе паднаа во длабочините на водопадите Викторија.

Кјерагболтен, Хотел Норвешка

Моќна карпа заглавена меѓу два фјордови левитира на 1.000 метри над земјата. Самото гледање на фотографиите е страшно.

Преикестолен, Норвешка

Потребен е само еден невнимателен чекор за да паднете од карпа. Инаку, токму тука се снимаа кадрите на Mission Impossible во 2017 година. Пред неколку години ова му се случи на еден шпански турист.

Тролтунга, Норвешка

Карпата што излева од планината наликува на јазикот на троловите, поради што има необично име. Многу туристи одат сè до работ. Ова било кобно за 24-годишна девојка која паднала речиси од 300 метри.

Евротип
SNBROKER
To Top