Новости

Занимливости

Генетиката е повлијателна од воспитувањето! – Нова стдија го докажа тоа!

Според истражувањето на Универзитетот во Квинсленд, генетските фактори значително ја одредуваат интелигенцијата на детето, особено генот ,,FNBP1L”, кој пренесувал родителски кодови.

59288459 – portrait of young child pretend to be businessman. kid with toy virtual reality headset in modern loft office. success, creative and innovation technology concept. copy space for your text

Во него, научниците анализирале примероци на ДНК на повеќе од 18000 деца од Австралија, Холандија, Велика Британија и САД, на возраст од шест до 18 години, а потоа ги споредиле примероците со резултатите од нивните тестови за интелигенција.

Откриле дека индивидуалните варијации на генетскиот код кај децата влијаат на резултатите од нивните тестови, така што нашите гени одредуваат околу 40 проценти од вкупната интелигенција.

– Ова знаење ни доаѓа како резултат на најголемата студија на тема ,,детска интелигенција” и е дополнителен доказ дека гените се важни, па дури и поважни од образованието и воспитувањето за обликување на детската интелигенција – рече водачот на студијата, професорот Бебен Бенџамин.

Научниците веруваат дека ова откритие може да има големо влијание врз подобро разбирање на менталните потешкотии кај децата, пренесува 24сата.хр.

GOLD
To Top