Новости

Занимливости

„Големиот проблем во светот е што растат многу луѓе!“ – цитати од Дизни кои ќе ве инспирираат и работи кои не сте ги знаеле за него

И покрај фактот што Волт Дизни имал добиено многу негативни критики, тој сепак станал олицетворение на имагинацијата, оптимизмот и остварениот американски сон. Дизни ги допре срцата на многумина од нас, го обележа нашето детство, ги разбуди емоциите, па затоа е еден од хероите на 20 век.

Еве неколку интересни занимливости за г-дин Волт:

*Почнал да црта како дете, претежно цртал коњи.

*Омилен лик му беше Шиљо, а омилената принцеза според Дизни била Пепелашка.

*Го позајмувал гласот на Мики Маус од 1928 до 1947 година.

*Во сите негови цртани Дизниевите ликови немаат мајки. Некои истражувачи, тврдат дека тоа се должи на одност на Дизни кон жените, па тој како да ги маргинализира. Но, други пак тврдат дека тоа се должи на тажната судбина на неговата мајка која го изгубила својот живот во страшен пожар предизвикан од гас во куќата која тој им ја купил на неговите родители за нивната 50 годишнина од бракот.

*Тој обжававал возови, поради што нив ги има толку многу во неговите забавни паркови.

*Имал посебен дел во Дизниленд, резервиран само за него.

*Имал француско потекло, па презимето D’isigny било префурмулирано во Дизни.

Неговите размислувања би ве инспирирале и мотивациски би ви делувале, па еве неколку цитати на Дизни кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание и ќе ве охрабрат да ги остварите вашите соништа:

„Забавно е да се прaви невозможното!“

„Смеењето е вечно, имагинацијата нема возраст, соништата се засекогаш.“

„Големиот проблем во светот е што растат премногу луѓе!“

„Кога сте љубопитни, ќе најдете многу интересни работи што треба да ги направите“.

„Ако можете да сонувате, ќе успеете. Секогаш запомнете дека сè започна со еден мал глушец “.

„Дури и на чудата им е потребно малку време!“

„Колку повеќе сонуваш и сакаш, толку повеќе стануваш некој кој воопшто не личи на никој друг, што ќе те направи уникатен во товојот бизнис!“

„Дојдете до точка во вашиот живот, каде што нема да работите за пари!“

„Сите наши соништа можат да се остварат, само ако имате храброст да ги остварите! Ако можете да сонувате, можете да го направите тоа!“

GOLD
To Top