Новости

Занимливости

Град во Калифорнија разви одлична идеја и му најде работа на бездомниците!

Во Калифорнија се стигна до заедничко решение кое ќе ги задоволи сите страни на граѓаните.

Бездомниците кои се во голем број во Елк Гроув, после логорувањето во одредени места зад себе оставале огромен хаос, нарушувајќи ја чистотата на градот. Затоа властите донеле спогодбено решение или можеби генијална идеја. На бездомниците им се плаќало за тоа што ќе го исчистат ѓубрето, па така тие имаат работа за која добиваат плата, а граѓаните се зсдоволни од одржувањето на здравата еколошка средина.

„Кога и да одевме кај нив, секогаш имаше голем хаос. Поминувавме часови во чистење и собирање, но сега кога пристигнавме, тие не пречекуваат со кеси подготвени за чистење “, изјави полицајката задолжена за регулирање на редот во тој реон.

Оваа програма е платена од Заводот за социјални грижи и Одделот за домување и урбан развој на САД.

Сепак, според нас изгледа дека им треба многу поголема помош и плата од оваа, а некои луѓе таму знаат за овие проблеми, но знаете како…Зафатени се со нивните јахти и едноставно не можат да губат време!

GOLD
To Top