Новости

Занимливости

Град во Франција каде нудизмот е сосема нормален – Луѓето одат голи во теретана, на театар, ресторани, во банки…

Во нашиот регион, незамисливо е да се види нудист на јавно место. Односно, тоа е можно само на нудистичка плажа каде што би се согласиле да се соблечете. Насекаде на друго место е незамисливо. Но, тоа не е случај со Франција.
Во оваа земја има околу два милиони нудисти или подобро кажано натуралисти, и овој број се зголеми со појавата на вирусот корона. Поради зголемената потреба да ги поминуваат деновите голи, Франција им дозволи да го имаат своето место каде и да одат.

Така, без облека, можат да посетуваат галерии, да одат во кина и музеи, да уживаат во базени, сали или часови по јога.
И тука никој не ги гледа чудно.

Најпознатиот град во Франција по нудизмот е Кап д’Агде, кој се наоѓа на југот на земјата. Само во оваа општина има малку повеќе од 40.000 натуралисти, за кои е сосема нормално да шетаат голи.

Овде, сосема е нормално голи да чекате ред во банка, супермаркет, фризер, пошта … каде и да одите, не ви е потребна гардероба, ако не ја сакате.

Велат дека на сите им се гарантира приватност овде, бидејќи фотографирањето е забранета, а новинарите се едни од најнепожелните гости.

Овде, на оригиналниот текст, погледнете ретки фотографии што може да се видат со дозвола на нудистите.

Евротип
Евротип
To Top