Новости

Занимливости

Град во Холандија забрани рекламирање на месо

Градот Харлем кој се наоѓа на 30 километри западно од Амстердам, забрани рекламирање на месо. Имено властите ја наведоа желбата да се намали потрошувачката на месо кај населението, со цел да се имаат позитивно влијание врз климатските промени. Производството на месо, имено, ја зголемува емисијата на стакленички гасови, што доведува до глобално затоплување.

Оваа одлука стапува во сила во 2024 година, а според британскиот весник „Гардијан“, рекламите со производи од месо нема да бидат дозволени во автобуси, засолништа и екрани на јавни места. Сосема очекувано, не сите се премногу задоволни од оваа регулатива.

Како што јави Би-Би-Си, вработените во месната индустрија сметаат дека властите „преминале предалеку“, а една партија дури ја нарече одлуката на шефот на Харлем „неприфатливо кршење на претприемничката слобода“.

И покрај протестите, властите на Харлем не попуштаат околу одлуката.

Евротип
SNBROKER
To Top