Новости

Занимливости

Град кој не постои ќе биде домаќин на Азиските Зимски игри

Неом е футуристичка метропола што се гради во северозападниот дел на оваа земја, а за ова вест и за нејзината изградба зборувавме од неаодамна. Но, во моментов е интересен податокот дека токму тој град кој моментално не постои и е само една голема замисла, всушност ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година.

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе станат игралиште за зимски спортови“, соопшти ОЦА, додавајќи дека одлуката била донесена едногласно на состанокот на генералното собрание во Пном Пен.

Сместен на брегот на Црвеното Море, проектот Неом, чија изградба чинеше неколку стотици милијарди долари, а го води моќниот престолонаследник Мохамед бин Салман, е предмет на бројни дискусии од 2017 година, кога беше објавен. Архитектите и економистите гласно ги изразија своите сомнежи за неговата изводливост.

Азиските Зимски игри треба да се одржат и во Тројана, планинскиот сектор на Неома, „каде што температурите паѓаат под 0 степени во зима и каде температурите во текот на целата година се генерално под 10 степени“ покрај морето, според промоторите на овој проект.

Тројана, која треба да биде завршена во 2026 година, ќе вклучува скијачки патеки во текот на целата година, вештачко слатководно езеро, кабини, вили и луксузни хотели, додаваат истите извори.

Директорот на Неом, Надми ал-Наср, рече дека Тројана ќе биде опремена со „соодветна инфраструктура за да создаде зимска атмосфера среде пустина и ќе ги направи Зимските игри светски настан без преседан“.

Азиските Зимски игри вклучуваат натпревари во скијање, сноуборд, хокеј на мраз, уметничко лизгање, во вкупно 47 спортови, од кои 28 се на снег и 19 на мраз, додава ОЦА.

Евротип
SNBROKER
To Top