Новости

Занимливости

Грижата кон мачките ослободува хормон на среќа – Ветеринарка раскажува за музеј во Техеран, посветен на персиски мачки

Околу 30 персиски мачки слободно се движат низ музејот во главниот град на Иран и повремено спијат или можеби си дремнуваат на некое од многуте удобни места, а вработените во музејот редовно ги објавуваат своите фотографии на социјалните мрежи.

Музејот е отворен веќе три години. Ветеринарката Халех, која волонтира грижејќи се за животните, вели дека кога се грижите за мачките или си играте со нив, се ослободуваат хормони на среќа.

Освен персиски мачки, во музејот живеат уште неколку видови.

Според Халех, сите мачки биле именувани по познати личности од персиската митологија и историја.

„Третина од мачките во музејот доаѓаат од улица“, вели ветеринарката. Останатите беа донесени во музејот, главно за време на пандемијата.

Инаку, некои делови од општеството во Иран не поднесуваат домашни миленици, што е особено застапено во строгата религиозна класа. Меѓутоа, за разлика од кучињата, мачките во исламот не се сметаат за валкани.

Сепак, и покрај верските правила, животните во иранските домаќинства повеќе не се необична појава. Во богатиот северен дел на Техеран, луѓето што шетаат со помали кучиња се вообичаена глетка.

Музејот на персиски мачки полека станува тесен за се поголем број животни, велат сопствениците, а договорот за закуп не е обновен. Сепак, се чини дека дури и евентуална промена на локацијата на музејот нема да и наштети на неговата популарност, со оглед на големиот број обожаватели.

Евротип
SNBROKER
To Top