Новости

Занимливости

Дали знаевте дека вашата мачка може да гледа работи што се невидливи?

Мачките долго време се сметаат за симболи на мистерија и мистицизам, и поради нивното елегантно држење, флексибилност на телото, но и поради необичниот изглед.

Постојат многу работи кои сопствениците на мачки можеби не ги знаат, но истите се научно истражени и докажани.

Имено, неодамнешните научни истражувања покажуваат дека постои уште една причина зошто мачките ја носат титулата мистериозни суштества. Овие животни можат да видат работи кои се невидливи за нашите очи!

Тие, како и некои други животни, имаат способност да гледаат психоделични пруги на цвеќиња кои се невидливи за човечкото око.

Имено, тајната на надзорот е УВ светлината. Според една неодамнешна студија, мачките, како и кучињата и некои други животни, можат да го видат овој вид на светлина што е невидлива за луѓето.

– Има многу работи кои го рефлектираат УВ зрачењето, кое некои чувствителни животни се способни да ги видат, за разлика од нас.

На пример, тоа може да бидат некои обрасци на цвеќиња кои покажуваат каде е нектарот или траги од животинска урина.

Исто така, еленот не може да го види белото крзно на поларната мечка, но може да види УВ зрачење што го рефлектира снегот – изјави Роналд Даглас, професор по биологија на Универзитетот во Лондон.

Така, мачките, кучињата и елените можат со свои очи да видат бело крзнено животно во снегот, додека човекот може да види само бел снег.

Од друга страна, постои верување кое е поддржано во некои древни традиции дека мачките се способни да гледаат духови.

Затоа, ако забележите дека вашата мачка зјапа во нешто или гледа нешто невидливо во воздухот, тоа може да биде знак дека ви треба енергично чистење на просторот.

Евротип
SNBROKER
To Top