Новости

Занимливости

Да се потсетиме на некогашниот Карневал во Венеција – маските за жал сега ги нсоиме за заштита, а не за забава

Шаренила, костими, насмевки, гужва, магични емоции беа дел од познатиот Карневал во Венеција. Неговата брилијантност и грандиозност, беше посетена од целиот свет, но поради актуелната ситуација, тоа се изведува виртуелно.

Виртуелна реалност, тишина… До кога ќе бидеме заглавени во тој свет? Не дека сме биле на карневалот, но сепак се надеваме на подобри времиња, па во иднина убаво би било да ја посетиме оваа возбудлива атракција и настан кој мора да се доживее. Во име на престојниот 1ви Април и маскембалите, одбравме видеo за да погледнете како се тоа изгледаше, па иако не сме биле таму, сепак некако сме носталгични. Носталгични по се она што е пипливо и реално. Носталгични по шармот на реалноста, прегратката, гужвата.

GOLD
To Top