Новости

Занимливости

Двојничката на Елизабета Втора ја напушта работата

Професионалната двојничка на Елизабета Втора изјави дека поради почит кон британската кралица со најдолг стаж, која почина во четвртокот, одлучила да ја напушти работата по 34 години.

Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, првпат станала замена на кралицата во 1988 година, а првпат и било кажано дека личи на Елизабета кога имала 17 години.

Ројналдс се појави на филмско платно, а нејзините значајни настапи ја вклучуваат главната улога во комедијата Булси од 1990 година наспроти Роџер Мур и појавувањето на 25-годишнината од Доктор Ху во 1988 година.

Рејнолдс им кажа на новинарите дека одлуката да се пензионира ја прави многу тажна.

Потсетувајќи се на моменти од нејзината кариера, Мери Рејнолдс рекла дека луѓето различно реагирале кога ќе ја виделе, па мислејќи дека таа навистина е англиската кралица, најчесто од неа барале заедничка фотографија.

Иако никогаш не ја запознала Елизабета Втора, Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите главни настани во животот на кралицата.

Евротип
SNBROKER
To Top