Новости

Занимливости

Денеска направете снешко – 18 јануари е Меѓународниот ден на снешкото

Единицата за метлата, а осумката за телото на снешкото. Токму заради тоа датумот 18 јануари е избран за Меѓународен ден на снешкото, по идеја на германскиот колекционер Корнелиус Граетц. Празникот има за цел да ги расположи луѓето во студените зимски денови и да ги натера наместо да се плашат од снегот, да излезат надвор, да му се израдуваат и да направат барем една насмевната фигура.
Инаку, првиот нацртан снешко бил еврејски. Боб Екштајн, кој професионално ја проучувал историјата на снешкото за својата книга, открива дека првпат се појавил во црковно-богослужбената книга „Часослов” од 1380 година. Постоела и слика, на која можело да се види еврејски снешко, кој се топи до огнот, а во пасуси на страницата се опишани Христовите маки.
Во 1494 година владетелот на Фиренца, Пјеро Втори порачал од познатиот скулптор и сликар Микеланџело да направи снешко во дворот на Медичи. Иако се пронајдени премалку информации за неговиот труд, една критика од тоа време го опишува снешкото како неверојатно убав и совршен.
Денес, белиот пријател со широка насмевка е симбол на празниците и весела зима, но тоа не било секогаш така. Во 1511 година луѓето во Брисел живееле во глад и беда. Покрај тоа, требало да се справат и со „смртоносната зима”, која со екстремно ниските температури ги одземала животите на послабите. Властите тогаш одлучиле дека фестивал со снежни луѓе ќе биде идеален за подигнување на расположението. Не биле далеку од вистината. Но веројатно не го очекувале ваквиот резултат од наредбата: по фестивалот, градот бил преплавен со порнографски снежни скулптури, како и со карикатури на реномирани граѓани. Сепак властите не се замешале и оставиле креациите да стојат и да уживаат граѓаните и се надевале дека штом снегот се стопи, со него ќе се стопи и стравот на луѓето./МИА
GOLD
To Top