Новости

Занимливости

Денеска се одбележува денот на шегата

Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини.

Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови, но поради пандемијата не беа организирани вакви настани.

Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат цел ден.

Евротип
SNBROKER
To Top