Новости

Занимливости

Денес е светскиот ден на пицата – еве како и каде настанала?

Денес пицата е најпопуларното јадење во светот, но секогаш е интересна нејзината историја. Како таа настанала и за кого била наменета на почетокот?

Две големи парчиња пица содржат 744 калории. Експертите тврдат дека јадењето пица еднаш неделно, го намалува ризикот од рак благодарение на сосот од домати кој во себе содржи ликопен, веројатно најсилниот антиоксиданс и сирењето кое е калциум и калиум.

Инаку доматот многу одамна се сметал за отровен, па луѓето го чувале во своите градини само за украс. Но, сиромаштијата си го направила своето и врз тестото, тие додавале домат, а првите пици обично биле правени не само со домат туку и со други мирудии, најчесто зеленчук.

Дури во 18 век, во пицата се додала и моцарелата. Луѓе од цел свет ја посетувале Италија, за да го пробаат т.н. „јадење за сиромашните“. Што се однесува до начиот на нејзиното јадење, во нејзиното „родно место“ – Италија, во неа не се додава доматен сос, па италијанските готвачи тоа го сметаат за навреда.

Денес ова јадење е за секого, но и за оние со подлабок џеб. Па така, во еден амерички луксузен ресторан, пицата ќе ве чини некаде околу 10 000американски долари.

СН Брокер
To Top