Новости

Занимливости

Не пропуштајте ја оваа глетка – Деновиве на небото се очекува метеорски дожд

Во текот на август се очекува метеорскиот дожд Персеиди.

Астрономите проценуваат дека најактивната ноќ за метеорскиот дожд ќе биде од 12 до 13 август, но предупредуваат и на зголемено светлосно загадување што го отежнува набљудувањето на ноќното небо.

На својот пат околу Сонцето, Земјата често минува низ области каде што има мали тела слични на камчиња познати во астрономијата како метеороиди. Иако од наша перспектива изгледаат како незаборавни светлосни ефекти на небото, овој феномен претставува тип на бура што се јавува поради распаѓање на комета.

Метеорски дожд се случуваат во текот на целата година. Овој месец ќе бидеме сведоци на метеорскиот дожд познат како Персеиди, кој се очекува да го достигне врвот околу 12 август.

Тие можат јасно да се видат со голо око, па вреди да се погледне во небото за време на ведрите августовски ноќи.

Загрижувачки е тоа што голем број жители на Земјата поради светлосното загадување ќе немаат можност јасно да видат како навистина изгледа ноќното небо. Тоа, очигледно, станува привилегија.

Евротип
SNBROKER
To Top