Новости

Занимливости

Дизниленд во Париз повторно ги отвара вратите за посетителите!

Забавниот парк Дизниленд близу Париз е повторно отворен од четвртокот, откако не работи скоро осум месеци поради пандемијата, но посетителите сепак мора да ги следат безбедносните мерки на претпазливост за борба против вирусот.

Граѓаните можеа да се фотографираат со маскотите на омилените ликови на Дизни како Мики Маус, Мини Маус и Шиљо, но не и да се прегрнат заради физичката оддалеченост.

Според новите правила на однесување во паркот, „тесната интеракција, со вклучување и на прегратките, е привремено забранета“, а посетителите над шест години, исто така, мора да носат заштитни маски.

Влегувајќи во паркот, посетителите не ја криеја возбудата. 22-годишната Емли која билс честа посетителка пред пандемијата изјавила:

„Се чувствувам како да го чекав ова цел живот. Поминаа месеци и месеци “, рече таа. „Неверојатно е. Многу е емотивно да ги видам повторно сите овие луѓе, сите овие ликови “.

Наташа Рафалски, директор на Дизниленд, рече дека повторното отворање на паркот е пресвртница за целиот сектор за туризам и угостителство во Франција.

„Сите со нетрпение го очекувавме овој момент“, рече таа. „Рестораните, хотелите, тематските паркови се клучни за францускиот живот и се разбира туризмот!”

GOLD
To Top