Новости

Занимливости

Дизниленд поради коронавирусот затворен уште од март, сега добива нова цел – станува центар за вакцинација

Дизниленд во калифорнискиот округ Оранџ, затворен од март поради коронавирусот, ќе стане првото место за масовно вакцинирање против Ковид-19, најавиле владините службеници.

Дизниленд ќе биде првата локација за масовно вакцинирање во округот, известиле службениците, најавувајќи негово отворање кон крајот на неделата.

“Одморалиштето Дизниленд, најголемиот работодавец во округот Оринџ, се понуди да стане првиот центар за масовно вакцинирање во округот, преземајќи огромна задача во нашиот процес на дистрибуција на вакцината”, рекол службеник на округот, Ендру До.

Тој додал дека Дизниленд е горд што може да им помогне на округот Оринџ и градот Анахајм, давајќи им го својот имот на користење.

“Благодарни сме им на настојувањето да се победи Ковид-19”, истакнала во соопштението главната медицинска службеничка на Дизни паркот, Памела Хајмел.

GOLD
To Top