Новости

Занимливости

Овој директор си ја смали платата, за да им ја зголеми на вработените – Сите му предвидуваа банкрот, но се случи токму спротивното

Пред шест години, извршниот директор на една компанија во Сиетл, се одлучи за необичен потег. Имено, Ден Прајс одлучи да ја намали својата плата за еден милион долари, така што сите вработени во неговата компанија ќе имаат плата од 70.000 долари годишно и повеќе.

Многумина го нарекоа херој, додека критичарите мислеа дека ќе банкротира поради тоа. Меѓутоа, се случи токму спротивното.

За да ја постигне својата цел, Прајс не само што ја намали платата, туку и ги намали трошоците за живот, продаде куќа и ги искористи заштедите што ги имаше.

Компанијата напредува, вели тој денес.

„Значи, речиси го удвоивте бројот на вработени?” – праша новинар на СBЅ во едно интервју. „Така е“, потврди Прајс, нагласувајќи дека неговата компанија се зголемила тројно, но дека сите вработени и понатаму имаат плата од најмалку 70.000 годишно.

,,А колку ти заработуваш?” го праша новинарот. „70.000 долари годишно“, одговори Прајс.

Пандемија, сепак влијаеше на неговиот бизнис и тоа толку многу што на почетокот на појавувањето на корона вирусот, тие загубија 55% од своите бизнис ,,зделки”. Во еден момент, Прајс сфати дека компанијата беше на само четири месеци до колапс, но сепак закрепна откако вработените доброволно привремено ги намалиле платите.

Со цел да му се оддолжат за жртвата што ја направи и соништата во кој нивниот претпоставен цврсто верувал, неговите вработени одлучија да му купат автомобил Тесла, а тоа е гест што за Прајс е неверојатен.

„Моите вработени направија многу повеќе за мене отколку што можев да направам за нив. Значи, фактот дека сакаа да ми дадат таков нереален, неверојатен подарок е сосема посебен. Не знам дали можам да го изразам со зборови “, рече Прајс, пренесува BizLife.

Прајс препорачува да се следи неговиот пример, токму поради успехот што неговата компанија го постигна со оваа политика.

Ние би рекле, доброто со уште подобро се враќа…Или карма! Како сакате.

Евротип
Евротип
To Top