Новости

Занимливости

Добил милион на лото, но две и пол години ја нема подигнато наградата!

Германската лотарија бара добитник од милион евра кој не ја подигнал добивката две и пол години и чие право на тоа истекува за половина година.

Сопственикот на добитниот тикет е од покраината Саксонија-Анхалт, од регионот Мансфелд-Хетштад и на крајот на 2019 година освои еден милион евра.

„Сè уште има време до 23:59 часот на 31 декември да се пријави, вели директорот на Лотаријата, Штефан Еберт.“

Инаку извлекувањето било на 28.11.2019 година.

Досега сопственикот на тикетот не се пријавил на лотарија, а постои опасност да му истече правото да ја добие добивката.

Ова би било првпат во историјата на Лотото во Саксонија-Анхалт да не се бара награда од толкава сума“, објаснува Еберт.

Доколку лотаријата не одговори, неподигнатите добивки ќе бидат вратени во наградниот фонд на следното вонредно извлекување.

Евротип
SNBROKER
To Top