Новости

Занимливости

„Додека смртта не ги раздели“ – Според астролозите овие љубовни парови се создадени еден за друг

Дека спротивностите се привлекуваат најдобро докажуваат овие астролошки комбинации. Во љубовта нема правила, па некои навидум неспоиви комбинации го наоѓаат патот до среќата и траат цел живот. Она што ги држи заедно е фактот дека можат да го променат животот заедно.

Стрелец и Близнаци

На овој пар никогаш не му е досадно! Огнениот темперамент на стрелец нема да остави рамнодушен ниту еден близнак. Близнаците го обожаваат шармантниот, неконвенционален и отворен стрелец и нивниот космополитизам, додека стрелците ќе ги забавува немирниот и весел, донекаде инфантилен дух на близнаците.

Во овој пар е нагласена привлечноста на подлабоко, ментално ниво. И двата знака се желни за нови работи и знаења, па ќе поминуваат многу време во разговор, бидејќи ќе имаат што да научат еден од друг.

Навидум површни, близнаците понекогаш може да го изнервираат стрелецот со некои озборувања и плитки приказни, бидејќи тој мисли дека неговиот филозофски дух е над тоа, но ако се остане на слатките провокации, може да предизвика бура од страсти.

Сигурно дека овој пар ќе ужива во заедничките авантури, бидејќи токму оваа страст ги спојува.

Девица и Риби

Дека спротивностите се привлекуваат најдобро докажува оваа астролошка комбинација. Челичната дисциплина по која е позната девицата ќе ги забави хаотичните риби, кои не знаат како да живеат така.

Рибите повремено треба да имаат некаков ред во животот, па овие партнери ќе им помогнат околу тоа. Рибите, пак, ќе ги стопат нервозните и воздржани девици со нивната длабока емотивност и сексуалност.

Ќе разберат дека не мора се во животот да биде готово, дека и мал хаос во животот не е страшен, ниту пак може нешто драстично да наруши. Тоа ќе биде вистинско мало откритие за девиците, која длабоко би се поврзала со ваков партнер.

Она што ја одржува оваа двојка заедно е фактот дека можат да го променат заедничкиот живот, се разбира со нивната отвореност за прифаќање на тие промени.

Јарец и Рак

Се прашувате што толку многу се привлекуваат ладниот јарец, кој се грижи само за својата кариера и работа, и емотивниот рак, кој својот мир го гледа во создавањето семејство?

Овде не можеме да кажеме дека поврзаноста и привлечноста на ментален план доаѓаат до израз. Страста е таа што ќе го поврзе овој пар. Ракот, кој ја обожава нежноста, ќе биде воодушевен кога ќе сфати дека под челичниот и крут став на јарецот се крие страст што врие и чека да биде откриена.

Може да се случи ракот да нема доволно трпение за арогантниот јарец и неговото игнорирање на емоциите, додека јарецот ќе може да се потсмева на ракот и неговите цели во животот, но со првиот налет на страста, овие пречки се надминуваат. Оваа астро комбинација има добри шанси за долга и многу цврста врска.

Водолија и Лав

Харизмата е она што е карактеристично за двата знака во оваа комбинација и токму тоа е она што ќе ги привлече еден кон друг. Лавот, кој сака да биде во центарот на вниманието, ќе биде збунет од широчината на неконвенционалната водолија, која несебично ќе го насочи вниманието кон него, но и на се околу него.

Водолијата е знак кој не трпи општествени норми, неправди и правила, а токму овој бунтовник магнетски ќе го привлече лавот. Од друга страна, водолијата ќе биде маѓепсана од енергијата на лавот, кој ќе ја држи со себе, се додека тоа самозадоволство го држи во одредени граници и не претерува со своето „јас“.

Оваа необична комбинација може да потрае, доколку лавот ѝ ја даде потребната слобода на водолијата и сфати дека интересот што таа го има за другите луѓе значи само дека таа е пред се одлична пријателка и дека нема простор за љубомора.

Шкорпија и Бик

Страст, страст и страст, тоа е она што го карактеризира овој хороскопски пар. Кога ќе ја сретнат шкорпијата која е позната по својата магнетна привлечност и бикот кој се карактеризира со голема сензуалност и хедонизам, настанува вистински огномет од страсти!

Бикот, кој знае да ужива во животот, ќе знае да го обои животот на мистериозната шкорпија, која често знае да биде темна во своите длабочини.

Меѓутоа, ако заедничката страст што ја негуваат во спалната соба ја насочат кон многу други области во животот, по првата фатална привлечност, ќе ги обединат заедничките интереси.

Извор: 24sedam.rs

Евротип
SNBROKER
To Top